Новинарот и сопственик на агенцијата БГНЕС, Љубчо Нешков (познат по „прославеното интервју со екс-премиерот Зоран Заев“ ), смета дека можна е соработка меѓу Македонија и Бугарија, но , како што вели “ не со „оваа немакедонска политичка елита во соседна Македонија“.



Нешков ги коментираше зборовите на македонскиот претседател Стево Пендаровски дека Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола, на кој присуствуваа и потпретседателката Илијана Јотова и премиерот Кирил Петков, е именуван по хитлеровец и фашист.

„Во зборовите на претседателот Пендаровски има најмалку пет лаги. Прво – ако Иван Михаилов е хитлерец и фашист – зошто има негова восочна фигура во музеј во Штип. Второ, каков е овој хитлерист кој не стапнал за време на војната во Македонија. И трето – ова е само продолжение на она што го прави Стево Пендаровски,вели Нешков.

Спопственикот на БГНЕС вели дека „ најскандалозно е што си дозволува да коментира за составот на бугарската делегација. Ова е нешто неприфатливо не само по протокол. Тоа не е учтиво“.

Според Нешков, проблемот е што бугарските политичари не реагирале и постапиле наивно без да бидат свесни за суштината на тоа што се случува.

„Не ме чуди Кирил Петков, бидејќи тој во Битола рече дека не го интересираат екстремистите – луѓе кои критикуваат и имаат критички став кон она што се случува меѓу Софија и Скопје.

Но, за само еден месец, член на владата – лидерот на Демократскиот сојуз – ја нарече Бугарија „геноцидна држава“. Неговиот заменик министер рече дека бугарскиот амбасадор го злоупотребува страдањето на обесправените луѓе. Не споредуваат со Русија – се однесувавме како што Москва се однесува со Украина“, рече Нешков. Фактор:Бг.