Бугарскиот новинар и сопственик на агенцијата БГНЕС, Љубчо Нешков, со најнов „бисер“за Македонија која, според него ќе биде и причина за конечно составување редовна влада во Софија:



„Против нас е геостратешки проект кој сака да се прикраде во ЕУ на сметка на странски интереси. Тоа е руско-српски проект и продолжува да се реализира“, изјавил Нешков во гостување на „bTV“.

„Тие прават се што е можно односите меѓу Бугарија и * Македонија да се движат по вертикален пат. Диктаторот кој им служи на одредени интереси за одредување односи“, додаде Нешков.

Според него, „* Македонија ќе биде една од причините за формирање влада во Бугарија“.

„Ќе продолжи редовна влада каде што според Румен Радев „бланко чек“ е францускиот предлог. Да се ​​исполнат европските барања за започнување на преговорите. Она што Бугарија треба да го направи пред ЕУ е многу јасно – да ги посочи причините за оваа самоблокада од властите во Скопје“, коментирал Нешков.