Бугарскиот новинар и сопственик на агенцијата БГНЕС, Љубчо Нешков, вели дека „ова е лето на вистината во за Македонија“, алудирајќи очигледно на очекуванита уставни измени и вметнувањето на Бугарите како едно од заедниците вои земјава, нешто што официјална Софија го наметнува како услов за отпочнување на преговорите на земјава со ЕУ.
„ Ќе тргне ли Македонија по патот на вистинската независност, ќе го отвори ли прозорецот, ќе му даде ли воздух на сопствениот народ или ќе го задуши со омраза и отров“ прашува новинарот, инаку во овдешната јавност познат по „славното“ интервју со екс-пемиерот Зоран Заев кое наиде на остри критики во макердонската јавност.
Заев за БГНЕС: Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците (ВИДЕО)
Нешков: Интервјуто на Заев предизвика земјотрес, но Владата нема да падне
Во разговор за бугарската БТВ Нешков порачува дека „поради она што веќе се случува агресивно во Македонија, декларацијата за влез во ЕУ треба да се смета како дел од европската политика кон властите во Скопје.
Тој посочи дека Скопје не го спроведува Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и ја блокира работата на Мешовитата бугарско-македонска комисија.
„Ние не се расправаме со Скопје, но се нервираме што не нарекуваат Татари и фашисти, но ова не е изум на режимот во Скопје.
Да укажеме каде е проблемот, а корените на билатералните односи се странски геополитички проект“, вели Нешков.







