Љупчо Нешков, новинарот и сопственик на бугарската агенција БГНЕС за која премиерот Зоран Заев пред два дена даде интервју, е убеден дека македонската влада е стабилна и дека тој нема да си даде оставка.
„Не невреме, туку земјотрес со јачина од 9 степени предизвика ова интервју во Република Македонија. Такво обединување на ‘длабоката држава“, за кое и самиот Заев потврди дека постои, не постои од 1945 година“, вели Нешков за Бугарското национално радио .
Според Нешков, Заев во интервјуто се дистанцирал од кампањата против Бугарија, повика на крај на омразата, а исто така, повторно повика на крај на т.к.н. политика „не е време“, според која се се одложува во врска со спорните прашања меѓу Софија и Скопје.
„Заев повика на решавање на сите прашања што постојат меѓу двете земји, а очигледно ова ја иритираше оваа ‘длабока држава’“.
Нешков оценува дека Зоран Заев веројатно нема да поднесе оставка затоа што тоа го побарале „политичари со тотално уништен авторитет“, а како такви ги спомена Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов.
„РСМ има легитимно избрана влада која има мнозинство во парламентот. Заев има јасна желба да ги реши проблемите, сè е во негови раце“.
Владата во Скопје е стабилна, беше категоричен Љубчо Нешков, повикувајќи се на изјавата на лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, „кој јасно повика на решавање на билатералните односи и прашањата што не се решени“. Според него, ова е знак на јасна поддршка за Владата.






