Несмасна и нервозна реакција на Спасовски која укажува на можна негова улога во спорна ситуација

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска објави несмасна и во исто време нервозна реакција во која се обидува да го брани шефот на БЈБ Сашо Тасевски и во која се повикува на случајот Нешковски за кој имаше осудено лице кое избега по средба со Заев додека Спасовски беше министер.



Спасовски со реакцијата во која спомнува и богови и нерасчистени убиства (во негово време најмалку десетина) покажува нервоза за случај во кој тој не беше директно инволвиран но според реакцијата сосема е можно и тој да бил дел од проблемот за кој зборува ВМРО-ДПМНЕ.

,,Нема заштита за ниту еден и треба да бидеме на јасно дека заврши времето кога имаше заштита, за убиство на Мартин Нешковски, заштита за низа на убиства коишто се случуваа во тоа време и кога ова министерство за внатрешни работи беше нарекувано со едно друго име. Фактите се тие, а пред фактите и боговите молчат”, реагира Спасовски.

Спасовски својата реакција за објави откако опозицијата побара одговорност за случај за кој се мислеше дека министерот не е директно инволвиран но по неговата нервоза реакција самиот тој укажува дека се можни негови лични конекции со проблемот кој е опишан во следниот текст

Сликата кажува сѐ но во МВР решиле да демантираат и да се резилат