Нервно растроен пратеник пречекувал државници и гласал за важни закони

Според приложеното во судски процес, пратеникот од СДСМ Мартин Костовски во периодот од 01 март годинава до 07 април, најмалку четири пати барал помош во кумановската болница и од вештак заради невропсихијатриски проблеми.



Ова го објавува портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски според кого во тој период, со наод за невропсихијатриско растројство и под терапија, Мартин Костовски одел во Парламентот.

Во исто време Костовски пречекувал високи странски државници во собранието.

,,Мартин Костовски со невропсихијатриска дијагноза растројство гласал за:

👉Разрешување министри и зам.министри.
👉 За Лога, Шукова, Меџити, Алиу за министри, а Мадиќ, Нухиу, Манолева, Јајага иБериша за заменици.
👉 Гласал за ребаланс на Буџет.
👉 Гласал за продолжување Кризна состојба во Македонија.

Притоа, човек со невропсихијатриска дијагноза за растројство, анксиозност и депресија присуствувал на седници при обраќање на:

👉 Австрискиот претседател Ван дер Белен
👉 Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ”, објавува Стоилковски според кого од исклучителна важност е претседателот на Собранието Талат Џафери да објави дали бил запознаен со состојбата на Мартин Костовски, но и да побара стручен конзилијарен наод дали сега Мартин Костовски може да ја исполнува функцијата пратеник во Собранието.

,,Во спротивно во прашање се доведува легитимноста на одлучувањето на парламентот, но и дигнитетот при посети и обраќања на странски дипломати пред пратениците”, вели Стоилковски.

Предходно тој објави дека пратеникот има тешка дијагноза која го прави потенцијално опасен за средината.