Грчки неонацисти попладнево блокираат десетици Македонци од Грција кои сакале да присуствуваат на македонски културен настан.
За време на блокадата на која се присутни грчки полициски сили е тензично но засега нема физички контакт меѓу македонците и членовите на неонацистичката партија Златна Зора и други радикални групации, информираат членови на македонски организации од северниот дел на Грција а Македонското движење за човекови права од Канада (ММДЧП).
Настанот се организирал во врска со Домот на Македонската култура а инцидентот се случува на патот од Лерин кон селото Пателе каде требало да се одржи културниот настан.
За време на блокадата грчките неонацисти извикувале “победа” и погрдни зборови за Македонците.





