Неофит: „С’е што е неопходно ќе направиме за браќата од Македонија“

„Важно беше да се прецизира името на државата, верувам  дека се ќе се движи кон радост“.



Ова го изјавил првиот човек на Бугарската православна црква,  Патријархот Неофит во одговор на прашањето на какво ниво се односите и „дали бугарската црква продолжува да и ‘помага на северна Македонија“, пренесува БГНЕС.

Она што е потребно, со Божја помош, ќе го направиме, за да биде целосна радоста на нашите браќа од Македонија, изјавил Патријархот Неофит.