Необична порака на Борел: Билатералните прашања нема да го одредат процесот на пристапување на Македонија во ЕУ

Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел смета дека за пристапувањето во ЕУ, за Северна Македонија нема пречки.



Тој ова го изјавил за Бугарското национално радио, (БНР) одговарајќи на прашање кои ќе бидат следните чекори на Европската Унија ако земјава до ноември годинава не ги вклучи Бугарите во Уставот, како што е предвидено во т.н. француски предлог, за почеток на преговори за пристапување во ЕУ.

Според Борел, нема пречки за пристапот на Македонија во Унијата.

Борел додал дека за спроведување на пристапниот процес, голема важност и улога играат добрата соработка, меѓу кои регионалната соработка и стабилизацијата, но: билатералните прашања не треба да бидат обврзувачки и нема да го одредуваат процесот на пристапување.