Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави видео од посетата на шефицата на американскиот Претставнички дом Ненси Пелоси која предводеше американската делегација во Киев.
„Тука сме да ви се заблагодариме за вашата борба за слобода. Вашата борба е борба за сите. Затоа, наша обврска е да бидеме тука за вас додека не заврши борбата“, му рече Пелоси на Зеленски.
„Средба со претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси во Киев. Соединетите Држави се лидер во силната поддршка на Украина во борбата против руската агресија. Ви благодариме што помогнавте да се заштити суверенитетот и територијалниот интегритет на нашата земја“, напиша Зеленски.







