По експлозија во Бејрут која уби најмалку 137 лица и над 5.000 повредени граѓаните излегоа на протести против владата барајќи одговри за причината на катастрофата која урна добар дел од главниот град на Либан..
Демонстрантите се судрија со безбедносните сили за време на протестите, а полицијата употреби солзавец и шок бомби, јавува Би-Би-Си.
Незадоволните граѓани на главниот град се лути од фактот што силната експлозија ја предизвикаа скоро три илјади амониум нитрат, кои се чуваа небезбедно од 2013 година.
Многумина во Либан велат дека небрежноста на владата довела до експлозија во Бејрут во која загинаа најмалку 137 луѓе, а повредени се околу 5.000.
Либанските државни медиуми објавија дека неколку лица се повредени за време на протестот.






