Немир на скопскиот аеродром: Патници извадени од авион пред полетување

Стотина патници од летот Скопје – Берлин биле вратени во аеродромската зграда на скопскиот аеродром откако од екипажот на Виз Ер биле информирани дека има технички проблеми со авионот.



Според информации од очевидци на скопскиот аеродром причината за одложувањето на летот е проблем со електрониката на авионот за Берлин.

Се очекува авионот да полета откако инжинерски екипи ќе ги проверат сите функции на електронските апарати во пловилото.

Сагата на патниците за Берлин започнала утринава кога тие биле информирани дека летот за Берлин ќе доцни два часа но дека тие мораат да се јават на “чек ин” во времето кое го пишува на нивните карти.

Засега нема информација колку ќе трае новото доцнење, второ за еден ден на иста линија на Виз Ер.

Наместо во 13.45 патниците во Берлин можат да пристигнат најрано во 18 часот вечерва.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проблеми за патници на Виз Ер на скопскиот аеродром

Поради расипан сензор патници за Берлин со “трета среќа”