Вработените во УЈП се изборија за бараното покачување на платите за 30%, поради што нема потреба од генерален штрајк, изјави претседателот на синдикатот на УЈП , Васе Недановски, во изјава за Канал 5 .



„Вработените во УЈП беа јасни во своите намери и ставови, законски основ за зголемување на плати коишто 14 години не им беа зголемувани… се постигна договор, се оствари правото на зголемување на плати, протестите престанаа и е беспредметно организирање на генерален штрајк“, вели Недановски

И директорката на УЈП, Сања Лукаревска, соопшти дека постигнале договор со синдикатот и веќе следната недела, како што рече во гостување на ТВ 21, парите ќе бидат исплатени, откако добиле позитивно мислење од Министерството за финансии.