Немаштијата си го прави своето – за разлика од лани, граѓаните скромно го слават Рамазан Бајрам

Немаштијата си го прави своето – за разлика од лани, граѓаните скромно го слават Рамазан Бајрам, со скромни трпези. И покрај најавите дека цените на храната ќе бидат намалени а традиционалните производи кои граѓаните секоја година ги купуваат за овие два празника ќе бидат многу по доспапни, тоа не се случи. Телешкото месо достигна цена од 850 до 1000 денари за еден килограм, свежото пилешко месо се продава и до 500 денари за килограм, цените на баклавите пак тортите или останатите слични кондиторски производи уриваат рекорди. Граѓаните велат дека нема никакво намалување, а мерките се само обичен популизам.



На иста мака беа и граѓаните кои минатата недела го славеа Велигден. Рекордна цена во последниве неколку години има и јагнешкото месо, за над 30 отсто поскапо веќе подолго време се продава и свинското месо. И покрај замрзнатата цена на јајцата, годинава граѓаните велат дека како никогаш досега за најголемиот христијански празник офарбале најмалку јајца.

Засега податоците на државната статистика покажуваат дека за една година трошоците за храна се зголемени за 20 отсто. А, пак, минималната потрошувачка кошничка за истиот период е поскапа за цели 15 илјади денари.