Во синоќешното интервју за 1Тв, премиерот Зоран Заев спомна уште една „можна“ причин зошто не била интонирана македонската химната при пречекот на Ципрас во Скопје.
На прашање на новинарот Сашо Ордановски дали една од причините е тоа што оркестарот имал „Република Македонија“ на ракавите, за што зборуваат некои, Заев одговори:
„Значи може да постои таква причина или било што. Ние знаеме секој пат да се коригираме, можеше да се сошие или слично. Еве оркестрите заедно ќе бидат и таквите делови ќе бидат поклопени затоа што Уставот е јасен, каде што е „Република Македонија“ треба да биде „Република Северна Македонија“ рече Заев.
На видеото по 5-та минута.





