Третиот вицепремиер во владата Љупчо Николовски тврди дека нема сила која ќе не одврати од борбата против корупцијата.
Ова вели Николовски јасно го потенцирал во денешното интервју за телевизија Сител.
“Ние денес за разлика од претходно кога бевме заробена држава, сме слободна држава, со слободни медиуми”, вели Николовски кој неколку дена откако град Скопје кој го води неговиот сопартиец купи 250 килограми лешници и бадеми вели дека минало времето кога се трошеле илјадници евра на луксуз за функционерите.
Николовски заборави да ги спомене случаите на потенцијална висока корупција со Ден Дончев, Драги Рашковски, Рекет, Фросина Ременски и другите стотици случаи за кои нема никаква разрешница го мандатот на СДСМ.
Пораката на Николовски доаѓа откако неговиот партиски другар и шеф на партискиот институт Павле Богоевски на СДСМ призна дека во време на оваа влада цвета криминалот што било забележано од Транспаренси интернешенел.
Помина времето кога по илјадници евра се трошеа за луксуз на функционерите.
Ние сме затоа тука, да ги скратиме дискреционите права на функционерите и да обезбедиме услови за прочистување на судството, да ги подобруме условите за граѓаните.
— Ljupcho Nikolovski (@lj_nikolovski) February 1, 2021





