Официјален претставник на НАТО во писмена изјава за МИА не ја потврдува информацијата дека Јанс Столтенберг со писма до Скопје и Атина побарал процесот за преспанскиот договор да биде завршен до 15 февуари, како што наводно пишувал „Катимерини“’ и како што го презедоа медиумите во земата.
Всушност ни „Катимерини“ не го тврди тоа. Во текстот насловен „Притисок за ратификација на преспанскиот договор“, како што пренесе Еxpres.mk вчера се вели дека Столтенберг НАВОДНО испратил писма:
„Се чини дека премиерот на БЈРМ, Зоран Заев, го забрзува процесот да помине договорот (за името) во Скопје откако генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, НАВОДНО, испратил писма до Скопје и Атина, повикувајќи договорот да биде одобрен во двата парламента до 15 февруари, по што балканската нација може да се приклучи на Алијансата без понатамошно одложување „
Во дописот за МИА уште се вели дека „НАТО јасно стави до знаење дека го поздравува Преспанскиот Договор и дека на Атина и Скопје е да го имплементираат договорот. Не ги коментираме дописите на Генералниот секретар, но дозволете ми да повторам дека НАТО не игра улога во имплементацијата на Преспанскиот договор, што целосно зависи од Скопје и Атина”, изјавил истиот извор.





