Немало обид за киднапирање ученичка во Карбинци!

Комплетно е расчистен и документиран случајот пријавен од директорката на основно училиште Карбинци за наводен обид за грабнување на ученичка, при што е утврдено дека нема елементи на кривично дело, соопшти МВР.



Обид за киднапирање деца во Карбинци

Веднаш по добивањето на пријавата полициски службеници излегоа на терен, преземени се низа оперативно-тактички мерки и дејствија во координација со Јавен обвинител од штипското обвинителство, извршени се разговори со лица кои биле сведоци на случајот во присуство на родители, но и со претставници на училиштето, а по преземени активности беше пронајден и 20-годишникот со кој беше извршен службен разговор во врска со случајот.

Притоа, од сите реализирани дејствија и прибавени докази не се утврдени основи за постоење на кривично правен настан.