Министерот за образование и наука Арбр Адеми официјално објави дека учениците во Македонија тековната учебна година ќе ја завршат дома со онлајн-настава и нема да се враќаат в училиште.
Покрај тоа, се укинуваат државната матура и завршниот испит, а
матурантите ќе добијат диплома за завршено средно образование, како и во изминатите години.
Уписот на првачињата за учебната 2020/2021 година наместо во мај ќе се врши во јуни.





