Нема влез „во пакет“ во ЕУ, вели Хан

Ниту една земја од Западен Балкан не треба да се надева дека ќе напредува во евроинтеграциите во пакет со другите изјави денеска комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, во Виена потенцирајќи дека сите шест земји имаат перспектива за членство во Европската унија, но дека е малку веројатно дека тие ќе влезат во Унијата заедно.



„Прифаќањето на државите е по заслуга и малку е веројатно дека земјите од Западен Балкан ќе влезат во ЕУ истовремено, но важно е дека постои потенцијал за членство во сите шест земји“, рече Хан на прес конференцијата по работниот појадок, кој го организираше австрискиот канцелар Себастијан Курц за премиерите на пет земји од Западен Балкан и двајца европски комесари.

На работниот појадок присуствуваше вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев,  откако премиерот Зоран Заев го откажа учеството поради актуелната политичка ситуација во земјата.

На  појадокот беа премиерите на Србија, Косово, Албанија и Црна Гора – Ана Брнабиќ Рамуш Харадинај, Еди Рама и Душко Марковиќ, претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина Денис Звиздиќ и европскиот комесар за дигитално општество и економија, Марија Габриел.