Нема влегување во цркви и џамии за Велигден и Бајрам

По предлог на Кризниот штаб, за Велигден и Бајрам нема да има полициски час, но предуслов за таа препорака било организирање на богослужби и молитви надвор од верските објекти, на што верските лидери на МПЦ и ИВЗ се согласиле, соопшти министерот Венко Филипче. 



„Верските лидери земаа обврска црковните служби и молитвите да ги организираат надвор од верските објекти. Ова е состојба во која сите мора да сме исклучително внимателни. Таков начин на организација комбинирана со одговорност на граѓаните ќе не доведе во ситуација да нема прекршување на мерките. Сите со сопствената одговорност, да покажеме дека можеме функционираме и во присуство на вирусот“, изјави Филипче.