„Со голема веројатност во март ќе има избори, кои исто така најверојатно нема да доведат до формирање на кабинет, земјата исто така ја чекаат избори наесен“, оценува политичкиот психолог Људмил Георгиев за БГНЕС.
Според него се уште нема консензус меѓу партиите и лидерската средба предложена од БСП нема да даде резултати.
Моментално, мандатот за состав на нова бугарска влада е во рацете на бугарските социјалисти.
„Што и да си кажат политичките лидери во иднина, нема да има резултат“, додаде тој.
„Воопшто не беше важно кој ќе го добие мандатот бидејќи има тотална политичка криза на партискиот систем, не сум ни сигурен дека изборите во март ќе доведат до успех. Претпоставувам дека есента ќе се искористи за нови избори“.






