Нема визна либерализација за Косово, две ЕУ членки се противат

Германскиот амбасадор на Косово и Метохија, Јорн Роде, е песимист дека либерализацијата на визниот режим за т.н. Косово ќе се случи оваа година. Германскиот дипломат во Приштина вели дека има земји членки на ЕУ кои не се убедени дека треба да се укине визниот режим.



“Ние секогаш и порачувавме на косовската влада дека е важно да седнеме со тие земји и да ги убедиме. Косово мора да работи во таа насока. Европската унија е составена од 27 земји-членки и сите одлуки мора да бидат едногласни. Ние работиме на тоа да се случи, но не верувам дека тоа ќе се случи пред Божиќ “, рече Роде во интервју за Клан Косова и го пренесе Косово онлајн..

Како што претходно објавија приштинските медиуми, Франција и Холандија не сакаат да ја одобрат визната либерализација.

Премиерот на Холандија, Марк Руте, во писмо до Европскиот парламент побара конкретни резултати од Приштина во борбата против организираниот криминал и корупцијата.