Владата на денешната редовна седници ги донесе новите ковид-мерки со кои меѓу другото се укинува носењето маски на затворено.
Оваа информација ја објави на својот фејсбук профил првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.
Сепак, носењето заштитни маски останува во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби.
За учениците од средните училишта кои следат настава со физичко присуство сега ќе можат да го прават тоа без задолжително носење на заштитни маски.
Се укинува забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта…







