Нема веќе вакцинирање македонски граѓани во Бугарија

Бугарската компанија „Комак медикал“, месец и половина откако ја започна вакцинацијата на македонски граѓани на граница, ја прекинува работата на 31 јули, потврди за дописникот на МИА од Софија сопственикот на фирмата и лекар Милен Врабевски.



Според Врабевски, Македонија обезбеди вакцини за граѓаните во различни градови во земјата.

Вакциналните пунктови на бугарската медицинска компанија работат во реонот на граничните пунктови Станке Лисичково-Делчево и Златарево-Ново село, меѓу двете држави и на жителите кои сакаа да се вакцинираат не им беа налагани ПЦР тестови за влез во Бугарија, а досега 3.200 македонски граѓани беа вакцинирани од страна на „Комак медикал“.

Сите што се вакцинирале со една доза, ќе можат да ја примат втората до 31 јули.

Инаку, вакцините што беа ветени од бугарскиот претседател Румен Радев за С Македонија, се уште не се доставени.