Нема веќе извршители за социјално загрозените

Вчера беше усвоена измената на Законот за извршување, со која се води сметка за загрозените категории на лица кои се соочуваат со егзистенцијални проблеми, социјално ранливите групи на лица кои не по своја вина не се во можност да го намират своите долгови без да им се загрози егзистенцијата, информираше на Фејсбук министерката за правда Рената Дескоска.



„Со измените целосно се изземаат од присилното извршување примањата на граѓани кои се корисници на гарантирана минимална помош од социјалната заштита, примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на старите лица, согласно прописите за социјална сигурност на старите лица“, пишува Дерскоска.

https://www.facebook.com/renatadeskoska/posts/2585701941708910