Мицкоски: Нема веќе европски пари за клиничката болница во Штип!?

Европската банка го прекинала финансирањето на проектот за штипската болница, соопшти лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски покажувајќи документ за кој рече дека е допис што го испратила Европската банка, објави Фокус.



„За жал од есента 2017 година, период кога практично новата влада на СДСМ и Зоран Заев е избрана, имаме драматично намалување на активностите коишто се еднакви на нула.

Поради тоа Европската банка сега одлучува преостанатиот дел од средствата коишто ги има обезбедено за финансирање на овој проект, а тоа е клиничката болница во Штип, а коишто се во висина од повеќе од 13 милиони евра, да ги стопира“, изјави Мицкоски.