Нема веќе дискриминација врз основа на сексуална ориентација!?

Законот за спречување и заштита од дискриминација денеска беше изгласан од пратениците во Собранието.



Со вклучувањето на основите на сексуална ориентација и родов идентитет, се проширува заштитата од дискриминација кон оваа група граѓани кои во иднина никој нема да смее да ги дискриминира при барање работа, стан, во семејствата, на лекар…

Во основите за дискриминација, во новиот закон се наведени сексуалната ориентација и родовиот идентитет покрај другите основи, како пол, раса, боја на кожа, род, етничка припадност, социјално потекло, религија.

„Законското решение овозможува превенција и еднаков пристап до механизмите за заштита од дискриминација за сите граѓани.“ велат од Министерството за труд и социјална политика.