Јапонската авиокомпанија ЈАЛ веќе нема да ги користи тие термини и од 1 октомври користи неутрални и политички коректни изрази како „патници внимание“ и „добредојдовте сите“ на своите летови.
Портпаролот на ЈАЛ, Јутаро Ивасаки, за Си-ен-ен изјави дека ова е една од одлуките донесени со цел сите патници да се третираат еднакво, без оглед на полот.
Во изјава за Ројтерс, ЈАЛ рече дека сака да „создаде позитивна атмосфера и да се однесува кон сите со почит“.
Се повеќе и повеќе компании се приклучуваат на трендот на користење родово неутрален јазик, а ЈАЛ е првата азиска авиокомпанија што започна да ја применува оваа практика.





