Нема веќе цивили во „Азовстал“, остануваат 2.000 бранители…

Спасувачите ги евакуираа последните цивили од занданите на металуршкиот комбинат Азовстал во саботата, а украинскиот претседател Володимир Зеленски во вечерното обраќање рече дека фокусот ќе биде ставен на отстранувањето на повредените и медицинските лица:



„Се разбира, доколку сите ги исполнат договорите. Се разбира. Ако нема лаги“, рече тој, цитиран од Асошиејтед прес.

Тој додаде дека во недела ќе продолжи работата на обезбедување хуманитарни коридори за заминување на жителите на Мариупол и околните градови.

Ситуацијата во фабриката го привлече вниманието на светот, при што Обединетите нации и Меѓународниот комитет на Црвениот крст очајнички се обидуваат да организираат евакуација.

Во последниве денови, борците внатре опишаа отстранување на мали групи цивили кои се кријат таму со недели. Борците на социјалните мрежи рекоа дека и тие и Русите користеле систем на бело знаме за да ги прекинат борбите и да ги извлечат цивилите.

Но, руските сили го засилија оганот врз фабриката со минофрлачи, артилерија, ракетни системи, воздушно бомбардирање и гранатирање од морето, што ги отежнува операциите за евакуација.

Останува нејасно што ќе се случи со приближно 2.000 борци на Азовстал, и оние кои се уште се во битка и стотиците за кои се верува дека се ранети. Во последните денови, украинската влада се обрати до меѓународните организации за да се обиде да обезбеди нивно безбедно отстранување. Борците постојано изјавуваа дека нема да се предадат, како што сакаат Русите.

Зеленски рече дека се обидуваат да најдат начин да ги евакуираат. Тој ја призна тешкотијата, но рече: „Не губиме надеж, не запираме. Секојдневно бараме дипломатска опција што може да работи“.