Нема тунел под Кале, ама има клупи од по 500 евра

Нема капитални инвестиции кои ги ветуваше градоначалникот на Скопје, но затоа Петре Шилегов купува „урбана опрема“ вредна над сто илјади евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ



Никаде го нема тунелот под Кале, продолжението на бул. „Илинден“, мостовите, зип-лајн, реконструкција на езерото Треска и уште многу други капитални инвестиции кои беа ветени, но затоа драги скопјани имаме 260 клупи од тропско дрво вредни 123.000 евра, изјави денеска портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.