Покрај тоа што нема трикафта“ за лицата со цистична фиброза, неколку месеци за пациентите нема ни лек „креон“ кој помага полесно да се апсорбира храната во телото.
Неколку аптеки потврдија дека лекот го нема веќе подолго време, а увозникот на лекот информирал дека го нема од јуни , пренесува МИА.
Оттаму соопштија дека веќе од понеделник лекот ќе биде достапен во аптеките. Оттаму тврдат дека истиот ќе биде достапен во понеделник.
Од Министерството за здравство ја потврдуваат информацијата
„Согласно информацијата од дистрибутерот на лекот ‘креон 25.000′, во тек е дистрибуцијата во аптеките и веќе од понеделник ќе биде достапен за сите пациенти. Станува збор за лек од биолошко потекло, кој е во ограничено производство на светско ниво и оттука се појави краткотраен дефицит со увозот на овој лек, кој е веќе надминат’, се наведува во писмениот одговор од Министерството за здравство за МИА.
Претседателката на Асоцијацијата за цистична фиброза, Ивана Атанасоска потврди за МИА дека пациенти се жалат на недостиг од овие капсули. Бидејќи нема „креон 25.000“, односно лек наменет за возрасни, тие се принудени да земаат од лекот наменет за деца, „креон 10.000“.
– Панкреасните ензими неколку месеци ги нема или на месечно ниво пациентите наоѓаат само по една до три кутии, а во зависност од внесувањето на храна, лица земаат до седум кутии во еден месец – вели Атанасоска.
Пациентите со цистична фиброза велат дека со примањето на „трикафта“ се враќа здивот, полесно се дише, но дека доколку не се земе „креон“, храната не се апсорбира во телото.
Извор : МИА.мк






