Нема трага од исчезнатиот малолетник во Преспанското Езеро

Продолжи потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанското Eзеро, на брегот на Претор, а напорите да се пронајде И.М. (16) од Ресен ќе траат додека не биде пронајден.



И.М. бил во друштво со уште две другарчиња во моментот кога исчезнал.

Познаници на момчињата на полицијата им изјавиле дека трите момчиња биле непливачи, а никој од нив не носел елек за спасување. Несреќата се случила на 400 метри оддалеченост од брегот, каде водата достигнува длабочина од неколку метри.

Локалното население и рибарите веднаш започнале потрага по момчето. Во потрагата час подоцна им се придружиле нуркачи од Битола, Охрид и Скопје.

Вчера потрагата беше привремено прекината поради лошите временски услови.