Од 16 август целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетереии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.



Ова е една од одлуките донесена на вечерашнава седница на Владата како една од новите рестриктивни мерки за превенција од ширење на коронавирусот.

На настани кои се организраат на затворено ќе може да влегуваат само вакцинирани лица, а рестораните и кафулињата ќе смеат да работат само на летните тераси.

Приложувањето и поседувањето потврда за извршена имунизација – најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18 годишна возраст.

Имунизацијата ќе се проверува со задолжителна редарска служба при влез во објектите, вклучително и во угостителски објекти со повеќе од 30 присутни лица,

За ноќните клубови, дискотеки, кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број на посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи.