На денешната вонредната седница на Советот на Град Скопје, откако денес градот остана без јавен превоз не беа одобрени субвенции за ЈСП, кои требаше да се искористат за исплаќање на заостанатите плати на вработените во јавниот превоз.
На седница на Советот, 22 советници гласаа „за“ , додека 13 советници од ВМРО-ДПМНЕ беа воздржани.
„Како резултат на гласањето констатирам дека одлуката за давање на субвенции на Јавното сообраќајно претпријатие ‘Скопје’ не е донесена“, соопшти претседателот на Советот, Трајко Славевски.
За време на дискусијата која траеше повеќе од 2 часа, Советниците од ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека нема да гласаат за буџетот бидејќи не може Градот постајано да му дава милионски сум на ЈСП „Скопје“ затоа што Арсовска и директорот Крсте Петревски не знаат да менаџираат со претпријатието.
пред почетокот на седницата од Синдиокатот на ЈСП рекоа дека вработените нема да бидат задоволни со парцијални решенија и дека во таков случај ќе биде стопиран јавниот градски превоз во Скопје, можно е да се очекува дека тоа ќе биде случај наредните денови.
Оттаму, неизвесно е кога автобусите на ЈСП ќе се вратат во редовниот градскки превоз, со оглед на тоа што вработените го условија тоа со исплаќањето на заостанатите декемвриски плати.






