Додека во Македонија има говор на омраза и некој таму мисли дека ќе се користат надворешни фактори за да се изврши притисок врз Бугарија или дека ситуацијата во Бугарија ќе се промени по евентуална промена на владата оваа пролет, нема смисла да се зборува и тоа е губење време вели бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана.
Красимир Каракачанов соопшти дека денес во 18.00 часот(по локално време) ќе има средба со специјалниот претставник на Македонија за односи со Бугарија, Владо Бучковски.
„Ова е трет пат да се состанеме за ова прашање. Верувам дека Бугарија има јасен став и крајно време е во Скопје да започнеме со читање на одлуките на бугарскиот парламент.
Мислам дека нема смисла за чаршиски муабети“ изјави вицепремиерот пренесува „Труд“.
Г-дин Бучковски е добронамерна личност. Има политичко искуство, писмен човек, со добар став кон Бугарија. Не случајно е избран за преговарач и посредник, но мислам дека властите во Скопје го користат. Го користат за демонстрација на добра волја.
Тој самиот има добра волја, но оние што го испраќаат немаат добра волја “, додаде Каракачанов.





