Скопското обвинителчство ја затвори предистрагата за неуплаќаните средства за „пензиско“ во Вториот пензиски столб, дознава А1.Он.



ОЈО донесе резолуција со која е одлучено дека нема место за постапување по кривичната пријава поднесена од Министерството за труд и социјална политика против непознат сторител, а во врска со евентуални неправилности во функционирањето на вториот пензиски столб.

Постапувајќи по поднесената кривична пријава, Основното јавно обвинителство Скопје презеде дејствија со кои изврши сеопфатно истражување на наводите, прибирајќи ги сите материјални и вербални докази., пренесува Нова ТВ.

Според тогашната пријава од Министерството за труд, во период од 2006 година не се вршела распределба на средства за околу 12.000 осигуреници кои се опфатени во систем на задолжително пензиско осигурување, а не се евидентирани како членови на приватните пензиски друштва. Истовремено за нив, делот од 6% од придонесите не е трансфериран во приватно пензиско друштво.

Наместо во Вториот пензиски фонд, придонесите на дел од граѓаните во висина од 19 милиони евра останале во Државниот фонд.

Според тогашното соопштение на Министерството за труд и министерката Мила Царовска, осигуреник со просечна плата изгубил приближно 95.000 денарии во период од 2007 до 2018 година, потсетува А1.Он.

Владата донесе одлука да ги обесштети овие граѓани.

Инаку, во посочениот период со Фондот за пензиско раководеа кадри на ДУИ: Исни Јакупи, Беким Незири, Шаип Зенељи, потсетува А1.Он.

ДУИ веднаш реагираше на изјавата на Мила Царовска и оцени дека е несреќна изјава на Министерката.