Нема расправа за Талат Џафери, по пријавата за недолично однесување

Со пет гласа „против“ и четири „за“ денеска на Комисијата за деловничко и мандатно имунитетни прашања не беше прифатен предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се расправа за пријавата за повреда на Етичкиот кодекс од страна на спикерот Талат Џафери.



„Вие што сте на плата и уште си е.авате мајката“, „Бегај бе таму, сус“, се дел од трансперентите кои пратениците на ВМРО ДПНЕ ги држеа пред себе на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, на која почна расправата по пријава од опозицијата, дека претседателот на Собранието Талат Џафери, го прекршил Етичкиот кодекс и ги навредил службениците.

Џафери не дојде на комисиската расправа што се води за него. Тој беше поканет на седницата, но нема обврска да присуствува.

Џафери на последниот брифинг со новинарите рече не чувствува одговорност да се извини на собраниските службеници кон кои се обратил со погрдни зборови.

Откако претседателот на Комисијата Панчо Минов го прочита предлог дневниот ред петмина пратеници од власта гласаа против дневниот ред, додека четворица членови на опозицијата беа да се расправа за предлогот.

Минов констатираше дека не е прифатен дневниот ред и ја затвори седницата.