Премиерот Зоран Заев го смени ставот и сега вели дека нема потреба да се реагира со нота на изјавите на бугарскиот премиер Бојко Борисов кој за Стево Пендаровски рече дека е „северномакедонски претседател“.
„За вакво прашање не се испраќа протесна нота оти протесната нота е приличен чин на непријателство – со пријатели се разговара“ изјави денеска во одговор на новинарско прашање премиерот Заев.
„Знаеле тие некогаш невнимателно да употребат зборови, но се разговара. Затоа не е испратена протесна нота“, додаде Заев.




