Нема протестна нота по заканата на Каракачанов

„Нема такво нешто, ако има, ќе има ве известуваме “, рече новиот портпарол на владата Душко Арсовски, одговарајќи на прашање дали Владата размислува да испрати протестна нота до Бугарија за изјавата на тамошниот министер за одбрана.



За изјавата на Красимир Каракачанов дека ќе испрател инженерски полк во Македонија за да ги демонтира сите споменици на кои е напишано „бугарски фашистички окупатор“, Арсовски се повика на изјавата на министерката за одбрана Радмила Шекеринска.