Нема проширување, но поевтино ќе разговараме со земјите од ЕУ

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји денеска најави намалување на цената за роаминг за телефонски повици помеѓу земјите од Западен Балкан и Европската унија.



„Добра дискусија со телеком операторите од Западен Балкан денес за да се унапреди намалувањето на трошоците за роаминг меѓу регионот и ЕУ. Подготвени сме да ги поддржиме инвестициите за да го направиме ова реалност“ објави тој на Твитер.

Од 1 јули годинава корисниците воопшто не плаќаат за користење на роаминг услугите во рамките на шесте земји на Западен Балкаб. На сила стапи целосно „Роаминг како дома“, по примерот на земјите од Европската Унија. (Фактор)