Нема промена на изборниот модел без консензус, вели Дескоска

Министерката за правда, Рената Дескоска, не верува дека ќе има промена на сегашниот изборен модел со 6 изборни единици, односно дека партиите ќе се договорат за нов.



„Ниедна измена нема да е соодветна ако не се направи со консензус.

На политичката сцена имаме целосно спротивни ставови за изборниот модел, имаме партии кои се за една изборна единица, други се за намалување, но не за една туку за три или четири.

Експерти предлагаат осум изборни единици, имаме политички партии кои бараат мнозински изборен модел…“, вели Дескоска, пренесе Плусинфо.