Според неофицијални информации на „360 степени“, во владејачкиот табопр преовладува ставот да нема ново продолжување на вонредната состојба.
По три дена, на 30 мај, истекува третата одлука за вонредна состојба во траење од 14 дена, што ја донесе шефот на државата, Стево Пендаровски.
Извори на „360 степени“, брифираат дека голема е веројатноста вонредната состојба, која почна на 18 март, да заврши на 30 мај, така што Владата во наредните неколку дена ќе ги донесе сите неопходни уредби за наредниот период.
Еден од аргументите за тоа дека не треба да се продолжува вонредната состојба е укинувањето на дел од рестриктивните мерки што беа воведени поради здравствената криза.
Во наредните два дена ќе се знае дали ќе се бара ново продолжување на вонредната состојба.






