Високиот суд во Белград го отфрли барањето на обвинителството за притвор на тројца осомничени за насилно однесување за време на упадот на демонстрантите во зградата на РТС.
Во понатамошниот тек на кривичната постапка, тие ќе се одбранат од слобода.
Во прашање се двајца осомничени кои во зградата на РТС во саботата влегоа со моторна пила, додека третиот е осомничен за напад на полициски службеник.
Сите тројца се обвинети за кривично дело „насилно однесување на јавен собир“.