Вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, за бугарското  „Радио К2“ потврди дека иднаат недела ќе се сретне со специјалниот претставник на македонската Влада за спорот со Бугарија, Владо Бучковски.



„ Вистина е, разговаравме со господинот Бучковски, следната недела тој во улога на главен преговарач или медијатор, ќе биде во Бугарија. Сè уште не сме го закажале состанокот, но дали ќе биде вторник или среда, некаде таму! -вели Каракачанов и во тој контекст додава:

„Нема причина да се менува позицијата на Бугарија, напротив дури треба да ја зајакне својата позиција“, вели Каракачанов.

Каракачанов додава дека две години се обидувал на Зоран Заев да му објасни дека Бугарија не е банана држава, но тој не го разбрал тоа.