Во моментот на несреќата во авионот на непалската компанија „Јети ерлајнс“ кој се урна додека се обидувал да слета на меѓународниот аеродром Похара – имало 72 лица, од кои 10 странски државјани.
Ова е најсмртоносната несреќа во Непал од март 2018 година, кога патничкиот авион на компанијата „US-Bangla“, кој летал од Дака, се урнал при слетувањето во Катманду, при што загинале 51 од вкупно 71 лице во него, според Мрежата за воздухопловна безбедност.
Авионот АТР 72 на „Јети ерлајнс“ на летот од Катманду превезувал 72 лица, меѓу кои две деца и четворица членови на екипажот, изјави портпаролот на авиокомпанијата Сударшан Бартаула.
-Во авионот се наоѓале пет индиски, четворица руски, еден ирски, двајца јужнокорејски, еден австралиски, еден француски и еден аргентински државјанин, изјавил претставник на аеродромот во Непал.







