Во гостување на „Утрински брифинг“ , министерот за здравство Венко Филипче изјави дека „нема ниту еден знак дека е можно да има влошување на епидемиолошката слика“ во земјава и дека „доколку ситуацијата продолжи вака, не треба да се воведуваат никакви рестриктивни мерки“.
Денеска се очекуваше Комисијата за заразни болести да оцени дали има потреба од нови анти-ковид мерки, со оглед на ширењето на делта сојот во повеќе земји меѓу кои и во соседството.
Министѕерот вели дека будно се прати ситуацијата, „има земји каде индискиот сој побрзо се шири. Но засега нема потреба, а доколку се појави ќе интервенираме…
Немаме податоци за ширење на делта сојот, со оглед на тоа што оние примероци кои што се тестираат треба да се направи анализа на позитивниот тест. Тие поединечни примероци засега не укажуваат на ширење на делта сојот“, вели филипче, како што пренесе Слободен печат.







