Сојузот на борци од Битола и граѓаните продолжувачи објавија проглас во кој истакнуваат дека не е само јазикот елемент на национална идентификација, туку ништо помалку таков елемент е и историјата.
„Не го прифаќаме дефокусирањето на проблемот преку изјавите „македонскиот јазик е чист и заштитен во преговарачката рамка“, туку бараме услов за натамошни преговори да биде признавањето на сувереното право на сопствена македонска историја и образование, стои во прогласот.
„Сите државни институции инволвирани во процесот да изготват јасна порака до Софија дека никогаш нема да дозволиме да ги уништите или избришете македонската историја, јазик и идентитет.
Во името на осумте народни херои, стотиците загинати и преживеани борци, над 3.000 депортирани Евреи и сите наши сограѓани, апелираме Владата да го прифати овој проглас и да покаже заслужна почит кон жртвите од НОБ“, потенцираат од Сојузот на борци.







