Укинат охридскиот маратон -Градоначалникот на Охрид Пецаков разочаран

Несериозно е да се остави Националната пливачка федерација со блокирана сметка поради лошо финансиско работење и со тоа да не може да се задржи брендот во маратонското пливање – оцени вечерва градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.



„Изразувам огромно жалење поради информацијата дека оваа година нема да се одржи Охридскиот пливачки маратон, кој е под покровителство на Претседателот на Македонија.

Општина Охрид беше целосно подготвена за техничката организација затоа што маратонот е голем промотор на нашиот град во светски рамки. Срамната одлука за неодружување на најголемата меѓународна спортска манифестација во Македонија доаѓа во годината кога се слави 60 години од првиот вистински маратон“ – напиша Пецаков на својот профил на Фејсбук.

https://www.facebook.com/kirilpecakov/posts/487628556710497