Нема поголема личност од Делчев која го дефинира нашето заедничко минато, вели бугарскиот амбасадор

Бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов го спореди Гоце Делчев со Васил Левски и го опиша апостолот на македонската револуционерна борба како личност „која го дефинира нашето заедничко минато“.



„Оваа година се навршуваат 152 години од раѓањето на еден од најомилените револуционери. По Левски, Гоце Делчев е еден од оние револуционери кои го оставија своето его зад себе. Револуционерите се силни поединци, со силна волја, кои ја чувствуваат својата моќ. Левски и Гоце Делчев се рамноправни со останатите. Зрачат со сила и достоинство, но се еднакви. Луѓе кои прифаќаат туѓо размислување и за тоа има многу примери во биографиите на двајцата. А можеби нема поголема личност од Гоце Делчев, која го дефинира нашето заедничко минато. Бидејќи неговите посмртни останки се тука, во Скопје, и во моментов во Софија, и во Благоевград, и во градот што го носи неговото име – Гоце Делчев, се слави раѓањето на овој голем актер“, истакна Ангелов пред саркофагот на Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје.